Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Македониум

Ја напиша првата македонска граматика – 115 години од раѓањето на Круме Кепески

08.04.2024 03:04
Сподели

На денешен ден 1909 година во Прилеп бил роден Круме Кепески, еден од најистакнатите македонисти на минатиот век, граматичар, педагог, учебникар, методичар, преведувач, собирач на народни умотворби и што уште не.

Првата „Македонска граматика“ професорот Круме Кепески ја објавил на 26 јануари 1946 (второ издание, Скопје, 1947 и трето, проширено, издание, Скопје, 1950). Граматиката по својот карактер била општа, и иако одобрена со решение на Министерството за народна просвета на Македонија како учебник во средните училишта, наменета e и за администрацијата и пошироката популација. Со граматиката за прв пат светската јавност се запознава со структурата на македонскиот јазик и има огромна културна улога. Автор е на Македонска граматика за VII одделение и III клас, учебниците: Поуки за јазикот за VI, VII VIII одделение (повеќе изданија), Граматиката за VII одделение (повеќе изданија), Граматика на македонскиот литературен јазик за училиштата од II степен, односно за средно образование (повеќе изданија) и Ромска граматика во соавторство со Шаип Јусуф.

„Почнав во месец февруари 1945 година, па се сретнав со големи тешкотии, зашто тогаш не беше подготвен Правописот, а се дискутираше и за азбуката. Значи, јас почнав да ја пишувам Граматиката и пред да се обнароди Правописот и пред да се прокламира азбуката. Азбуката беше прокламирана на 5 мај 1945 година, а Правописот се обнароди еден месец подоцна – на 7 јуни. Со тоа, мојата работа беше олеснета. Од првиот правопис ги видов нормите на нашиот литературен јазик, а ги внесов и термините во мојата Граматика. Меѓутоа, требаше темелно да се проучат нашите форми, да се проучи акцентот, да се проучи употребата и значењето на членот, глаголските времиња и особеностите на глаголите и уште некои не малку значајни работи. Тешкотијата беше во тоа што немав од каде да видам како ќе го сторам тоа; тие нешта беа сосема нови за нашиот јазик. Сепак, во неа доста ми помогна моето познавање на старословенскиот јазик, а и некои изучувања што ги имав вршено за прилепскиот и за битолскиот говор. Конечно тоа беше јазикот на Кирил и Методиј, на Климент и Наум, јазик што јас го познавав.“ своевремено изјави Кепески.ж

Банер Банер BrandEcho

Автор е на многубројни статии, објавени во периодиката, главно во списанијата „Македонски јазик“ и „Литературен збор“, меѓу кои ќе ги споменеме: Некои неправилно употребувани зборови, По повод неправилната употреба на финалните реченици во нашиот литературен јазик, Нашиот јазик во плакати, реклами, објави, фирми и др. Исто така тој е присутен на страниците во списанијата и весниците: за училишната, стопанско-правната и медицинската терминологија во „Просветно дело“, „Просветен работник“, „Собвремено претпријатие“, „Стопански преглед“, „Македонски медицински преглед“, „Нова Македонија“, „Вечер“, „Трудбеник“, „Просвета“, „Вечерње новости“, „Политика“, „Борба“ и во други со свои прилози. Особено се познати неговите рубрики „Поуки за јазикот“, „Од нашиот речник“, „Јазично катче“. Тој е автор на терминологијата во техничките, медицинските, економските и правните науки. Во списанијата „Просветно дело“, „Литературен збор“, излезени се обработени методски единки: Обработка на именките, Обработка на придавките, Обработка на заменките, Обработка на сегашно време, Обработка на заповеден начин, Обработка на посреден и непосреден говор, Обработка на идно време и др.

Познат е како преведувач на преводна литература – белетристика и учебници за гимназиите и за универзитетот меѓу кои на: Ревизор и Тарас Буљба од Николај В. Гогољ, Басни од Лафонтен, Маски од Тоне Селишкар, Приказни од старо време од Ивана Брлиќ Мажураниќ и други.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за регистрација
Калкулатор за регистрација на возило
Автомобилизам
Отвори →

Може ќе ви се допадне

146 години Кресенско востание

Човекот зад „Македонско девојче“ – 26 години без Јонче Христовски, легендата што не се заборава

Сведоштво на Глигоров за Методија Андонов Ченто (ВИДЕО)

Само за МАКЕДОНИЈА нека се веат знамиња и нека грмат тапани победнички!

Говорот на Никола Карев: Браќа и Сестри Македонци! (ВИДЕО)

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Македониум

103 години живот посветен на татковината – роденден на Никола Стојановски

Македониум

Човекот што му даде форма на македонскиот јазик: Круме Кепески

Македониум

Херојски војуваше против фашистите па загина трагично – 101 година од раѓањето на Чеде Филиповски Даме

Македониум

Сеќавање на Малина Попиванова: живот посветен на идејата и борбата

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?