Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Македониум

Жив го закопале, го откопале па исекле на парчиња – на денешен ден ѕверски убиен Благој Страчковски

13.01.2025 00:01
Сподели

На денешен ден 1943 година во Велес, по ѕверско измачување, убиен е Благој Страчковски, македонски комунист, учесник во НОБ и Народен херој на Југославија.

Роден е на 29 февруари 1920 година во Велес, во сиромашна работничка фамилија. По завршувањето на основно училиште во Велес, почнал да бара работа. Кога пораснал работел разни физички работи. Работел во каменоломот во Превалец, копал лозја, садел тутун, носел малтер и др. Без никаков стекнат работен стаж стапил во револуционерното движење.Откако станал член на синдикатот, се вклучил во неговата работа и учествувал во штрајкови и демонстрации против властите. Читајќи марксистичка литература, се’ повеќе се ангажирал во синдикалното движење.

Неговата активност била забележана, па на почетокот од 1940 година станал член на СКОЈ, а на крајот од годината станал член на Комунистичката партија на Југославија.

Банер Банер BrandEcho

По почетокот на Втората светска војна и влегувањето на бугарскиот окупатор во Велес, Благој бил избран за член на Месниот комитет на КПЈ во Велес и секретар на Месниот комитет на СКОЈ. Во текот на 1941 и 1942 година одржувал контакти со другарите кои на пролет требало да одат во партизански одред, бидејќи во тоа време главна насока на КПЈ и СКОЈ било подготовка за формирање на партизански одред. Одредот бил формиран во април 1942 година. Благој работел на омасовувањето на одредот, во кој се’ повеќе се приклучувале нови борци.После одржаниот митинг во село Подлес Благој бил суден и интерниран во Бугарија. Поради сите овие активности и избегнувањето да служи на бугарската војска Благој во септември 1942 отишол во партизанскиот одред „Димитар Влахов“. Одредот имал три чети, а Благој станал политички комесар на Втората чета. Се истакнувал во борбите на одредот, а по селата каде што одредот поминувал, одржувал говори и организирал митинзи на кои го повикувал месното население на општонародно востание и протерување на окупаторот од цела земја.

Во декември 1942, бугарската окупаторска власт презела широки акции за разбивање на одредот. Таква битка била Битката кај Војничка Пештера каде што одредот се разделил. Благој со група борци требало да тргне кон Скопска Црна Гора, но поради густиот снег кај Катланово биле принудени да се вратат во градот. Бидејќи не можеле да воспостават врска со одредот, Благој со уште двајца борци извесно време се криеле во градот. Потоа заминале кон село Росоман кавадаречко каде што биле забележани од група контрачетници и отвориле оган на нив. Извлекувајќи се од заседите, Благој и двајцата другари стигнале до село Водоврати. Тука преморени и без муниција Благој и Славе Петков биле фатени и однесени во касарната во Велес. Тука двајцата биле мачени. Благој на прашањата на бугарските војници за партизаните возвраќал со молчење. На 13 јануари 1943 година во еден миг Благој само извикал дека победата ќе биде на страната на партизаните. Кога го слушнале ова разбеснетите бугарски војници Благој жив го закопале, а после го откопале и го исекле на парчиња.

ИЗВОР: Википедија

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Колку ти е здрав работниот ден?
Колку ти е здрав работниот ден?
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Најголемата џамија во Абу Даби изградена од прилепски мермер

На денешен ден 1949 година основан е Ансамблот „Танец“

Апел до Македонците во Бугарија

Вака се калеше братството помеѓу македонскиот и албанскиот народ

10 работи за Македонија што (речиси) никој не ги знае – а ќе ве изненадат

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Македониум

Македонија меѓу спомени и реалност: Зошто и кога почнавме да забораваме што навистина сме?

Македониум

82 година од смртта на Никола Парапунов – симболот на партизанското движење во Пиринска Македонија

Македониум

115 години од раѓањето на Никола Парапунов

Македониум

Човекот што му даде форма на македонскиот јазик: Круме Кепески

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?