Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Македониум

110 години од пеколот во Долгаец – За еден ден убиени 315 селани, голем дел деца и жени

Сподели

Во прилепското село Долгаец на денешен ден пред 110 години од еден од најстрашните масовни злосторства врз цивилно население на територијата на Македонија. Настанот, познат како Масакрот кај Долгаец, оставил длабоки траги во колективната меморија на регионот и претставува една од најтемните епизоди од тогашните воени случувања.

Contents
Што се случило во ноември 1915 година?Бројот на жртвите и трагичните сведоштваМасовната гробница и исчезнатиот споменикНеоддадена почит на државно нивоПораката која се повторува секоја година▶ Случајно видео

Што се случило во ноември 1915 година?

По бугарската окупација на Македонија во 1915 година, во селото Долгаец навлегла вооружена група составена од околу десет бугарски комити, потпомогнати од вооружени Арнаути од соседното село Црнилиште. Селаните, не знаејќи ја нивната намера, излегле да ги пречекаат, а прв пред групата застанал селскиот свештеник. Според локалните сведоштва, тој бил убиен на лице место, по што започнал систематски напад врз мештаните.

Потоа, согласно историските извори и сведоштава пренесувани низ генерациите, напаѓачите ги ограбиле жителите барајќи злато, а веднаш потоа започнале масовно да убиваат – без разлика дали пред нив стојат мажи, жени или мали деца. Населението било преполовено, а селото девастирано.

- Advertisement -

Бројот на жртвите и трагичните сведоштва

Според локалните документи и записи, во масакрот биле убиени 315 до 410 жители од Долгаец и околните села Гостиражни, Стровја, Костинци, Маргари и Богомила.

Меѓу загинатите имало и многу деца, од кои дел едвај неколкугодишни:
Крсе Младеновски (8), Велика Младеновска (8), Ленка Младеновска (10), Трајан Јандреоски (3), Магда Трајкоска (5), Ана Јовеска (6), Илија Иваноски (5), Ристе Василески (4), Боце Василески (8) и многу други.

Во селото и денес во трпезаријата на црквата „Св. Илија“ стои документ со имињата на сите жители кои биле убиени и затрупани во масовната гробница.

Сведоштвата опишуваат сцени исполнети со невидена суровост. Гореле куќи, луѓе се криеле во плевни полни со сено кои биле запалени, некои излегувале низ прозорците обвиткани во оган. Свештеникот Трајко, според преданијата, одбил да предаде пари и бил убиен со нож пред селаните.

Еден од најтрагичните моменти е приказната за 16-годишната Велика Конеска, која била заробена, мачена и обесена со главата надолу, од што починала по долга агонија.

Масовната гробница и исчезнатиот споменик

Поголемиот дел од жртвите биле затрупани во масовна гробница на местото викано „Брест“, на влезот од селото, каде порано се наоѓале старите гробишта.

Во меѓувоениот период таму бил подигнат споменик од бел мермер со натпис кој изразувал болка и гнев кон сторителите на злосторството. Но, за време на Втората светска војна, при повторната окупација, споменикот бил целосно разрушен. Денес неговите остатоци се вградени во неколку селски објекти.

Во 1950-тите години антропогеографот Јован Трифуносски забележал дека сè уште стои крушата на која, според локалната традиција, биле обесувани жени и деца по колежот – нем суров сведок на трагедијата.

Неоддадена почит на државно ниво

И покрај тоа што се смета за најмасовното злосторство врз цивили во Македонија за време и по Првата светска војна, локалните жители со години алармираат дека настанот ретко се споменува во националната историографија. По осамостојувањето, не е оддадена формална државна почит, ниту пак е поставен нов спомен-обележувач на местото на масакрот.

Пораката која се повторува секоја година

Секоја годишнина, мештаните и потомците на жртвите повикуваат на зачувување на сеќавањето:

„Да не се заборави. Да не се повтори.“

Настанот во Долгаец останува потсетник на трагичните последици од војната и омразата, но и повик за почит, историска одговорност и трајно помирување.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Курсна листа
Преглед на дневна курсна листа на НБРМ.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

„Македонско девојче“ на НБА натпревар во Детроит (ВИДЕО)

На денешен ден 1923 година роден бил Ацо Шопов – основоположник на современата македонска поезија

10 работи за Македонија што (речиси) никој не ги знае – а ќе ве изненадат

Се сеќаваме на Петре Пирузе

Еден 2 Август – Честит ден на Република Македонија!

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Македониум

„Македонецот“ – полски документарен филм посветен за децата-бегалци од Егејска Македонија

Македониум

105 години од раѓањето на Славко Јаневски

Македониум

Еден ден и јас ќе го фрлам зарот и фереџето

Македониум

Ова биле предлозите за знаме на Македонија

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?