„Македонско девојче“ на НБА натпревар во Детроит (ВИДЕО)

Нешто што не се гледа секој ден. На вчерашниот натпревар во Детроит во рамките на популарната НБА лига помеѓу Детроит и Филаделфија играорци Македонци имаа свој настап. На Little Caesars арената која е со капацитет од 20.332 посетители се слушаше и „Македонско девојче“.

Инаку Детроит претходно беше во сопственост на американскиот милионер со македонско потекло Мајк Илич. Арената Little Caesars на која се одигра натпреварот е именувана по ланецот за брза храна кој сеуште е во сопственост на Илич фамилијата. Интересно е што сегашниот сопственик Том Горс има грчко потекло.

Што се однесува до натпреварот, Детроит славеше со 125 – 112 и сега е на 5. позиција во Источната конференција.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Мк Пиреј (@mk.pirej)

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава