Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Македониум

116 години од Манифестот на Јане Сандански

Сподели

Драги сотатковници,

Толку долго очекуваниот зрак на слободата изгреа. Нашата измачена татковина се прероди. Срамниот апсолутизам е во агонија. Против него востана целиот народ во лицето на сите нации што го составуваат. Револуционерниот повик на нашата братска Младотурска револуционерна организација наиде на радосен одѕив во душата на толку измачениот народ. И народот – роб стана господар. И неговата света пресуда е:

Смрт на апсолутизмот!

- Advertisement -

Смрт на угнетувачите!

Драги сотатковници,

Денешниот момент е голем. Во него ќе се реши големото прашање: ќе биде или не слободен нашиот народ? Кој ќе биде победник – тоа зависи исклучиво од вас, од вашата волја и готовност да умирате за слободата. И зарем вие, граѓани, што веќе вкусивте од слатките плодови на слободата, ќе се поколебате да ја исполните својата пресуда и да не го закопате злосторничкиот апсолутизам?

Сотатковници Турци,

Вие го составувате големото мнозинство од народот, но заедно со тоа вие најмногу ги почувствувавте злосторствата на заедничките непријатели. Во своето „турско царство“, вие бевте не помалку робје од вашите сотатковници христијани. Нашите управници досега лажеа дека христијаните се ваши непријатели. Сега вие разбравте кои се ваши браќа, а кои ваши непријатели. Вие први влеговте во борбата за слобода и рамноправност. Заедно со вас се сите. Вашиот проглас: „Народите се браќа и како браќа треба да живеат“ – ги загреа срцата на христијанското население и го олесни во мачното прашање: по кој пат може да се стигне до слободата. Затоа: да живее започнатата од вас борба против тиранијата за да заживее целокупниот народ!

Драги сотатковници христијани,

И вие не помалку бевте заблудувани и верувавте дека вашите маки произлегуваат од тиранијата на целиот турски народ. И таа заблуда падна. Турскиот народ никогаш немал интерес да му бидете робови. Сега вие си подадовте братски раце и само со тој сојуз вие ќе ја извојувате толку досега саканата и скапо платена слобода. Зацврстувајте го тој сојуз. Да ги погребаме заедно со апсолутизмот и создаваните од него национални самоистребувачки борби.

Сонародници,

Вие, кои сте дале толку скапи жртви пред олтарот на слободата, можете радосно да здивнете. Сега вие не сте сами – ете зошто и вашата борба станува полесна и понадежна. Со заедничките усилби на сите народи ние ќе ја извојуваме нашата слобода. Не подавајте им се на престапната агитација која можеби ќе ја поведат официјалните власти во Бугарија против вашата заедничка борба со турскиот народ и неговата интелигенција којашто се стреми кон слобода.

Драги сотатковници,

Ждрепката е веќе фрлена. Враќање назад нема, а и кој од вас би посакал да се врати повторно кон смрдливата атмосфера на неправдата и развратот на бившата тиранија? Да си дадеме сите збор дека ја претпочитаме смртта на светата слобода пред гнасниот харем на ропскиот живот.

Бодроста, самопожртвуваноста и постојаната подготвеност за борба – ете што треба да не воодушевува во овој голем момент.

Смрт на тиранијата – за да живее народот!

Да живее слободата!

Да живее солидарноста на народот!

Да живее големата народна борба!

Да живее народот!

Солун, 18 јули 1908 г.

САНДАНСКИ

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за регистрација
Калкулатор за регистрација на возило
Автомобилизам
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Во само еден ден убија над 100 селани – 80 години од големиот масакр во Штипско и Кочанско

На денешен ден 1941 година починал Јосиф Михајловиќ Јурукоски – човекот кој го посвети животот на Скопје

„Ѕверови! Јас сум Страшо Пинџур! Доста е тоа за вас!“

Најголемата џамија во Абу Даби изградена од прилепски мермер

Верзијата на македонската химна за која сигурно не сте знаеле

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Македониум

Предаден па смртно ранет – 83 години од смртта на Орде Чопела

Македониум

На денешен ден 1923 година роден бил Ацо Шопов – основоположник на современата македонска поезија

Македониум

Живи ги палеа децата и жените – 81 годинa од масакрот во Беличица

Македониум

Бугарски масакр врз Поречието: 103 селани ликвидирани на Бадник

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?