Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Локално

30 октомври: Kонцерт „Филип Динев СК404“

28.10.2025 11:20
Сподели

Во рамките на програмата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, на 30 октомври 2025 година (четврток), со почеток во 20:00 часот, во Народниот театар- Гевгелија, ќе се одржи авторски концерт на м-р Филип Динев- „СК404“. Познатиот македонски гитарист и композитор, Филип Динев, ќе ѝ се претстави на својата родна публика во Гевгелија со оригинални композиции создадени во негов препознатлив стил. Настапот ќе биде реализиран во квартет форма, заедно со  м-р Кирил Кузманов на саксофон, Мартин Ѓаконовски- Шпато на контрабас и м-р Виктор Филиповски на тапани, највиртуозните и најбарани џез-инструменталисти во Македонија.

Публиката ќе има можност да ужива во современ македонски џез израз исполнет со импровизација, автентична енергија и оригинален авторски пристап, кои го позиционираат квартетот како еден од водечките џез-ансамбли на македонската сцена. Настанот се реализира во организација на и со поддршка од Општина Гевгелија, а во соработка со ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија.

Филип Динев е македонски гитарист, композитор и продуцент од Гевгелија, со активна и препознатлива интернационална кариера. Неговото творештво претставува софистицирана фузија на класични, балкански и современи џез влијанија, преку која создава автентичен музички израз што го издвојува на европската сцена. Своето музичко образование го започнува на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, на катедрата за џез музика, а потоа ги продолжува магистерските студии на престижниот Hochschule für Musik und Theater Hamburg во Германија, во рамки на програмата “Dr. Langner Jazz Master“, каде е примен како еден од само четворица студенти во генерацијата.

Банер Банер BrandEcho

Тој е автор и продуцент на два оригинални албуми- “Szvetlo“ (2020), деби издание со трио состав од Македонија, Унгарија и Франција, и “Romann“ (2024), кое го претставува како композитор со зрел и иновативен пристап, што успешно ги спојува елементите на џез, блуз, балканска и класична музика. Со своите проекти настапувал во бројни европски градови, меѓу кои Париз, Будимпешта, Базел, Талин, Берлин, Хамбург, Лајпциг и Дрезден, каде со својата музика ја претставува Македонија и својот роден град Гевгелија на највисоко уметничко ниво. Добитник е на признанието „Најдобар млад џез музичар“ на Jazz Factory Festival во Битола, а критичарите го опишуваат како уметник со „непоколеблива креативност“ и препознатлив современ пристап кон џезот.

Извор:gevgelija.gov.mk

Ad image

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за ризик од прегорување
Колку си под ризик од прегорување (burnout)?
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Пороен дожд проследен со слаб град во Делчевско

Апел до граѓаните за почитување на законските обврски за чистење на оџаците

Презентација на програмата „Крива Паланка – Град на културата 2024“

Карпош 2 ќе добие катна гаража

Питијада 2025: Богата музичка програма во Велес

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Локално

Австрискиот амбасадор Мартин Памер – на средба со градоначалникот на Кочани Владко Грозданов

Локално

Карпош со највисок процент на отворени податоци во Скопје

Локално

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Општина Куманово и Здружение ТАЈКА

Локално

Пожарникарите во акција за чистење на просторот околу ТППЕ во Делчево

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?