Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Локално

Карпош со највисок процент на отворени податоци во Скопје

04.10.2025 10:09
Сподели

Општина Карпош има најдобри резултати од сите локални самоуправи во главниот град според Индексот на отвореност. Мерењето за 2025 година го спроведе фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ преку програмата Цивика мобилитас, во партнерство со Рурална коалиција, со поддршка од Владата на Швајцарија.  Отворените податоци се клучни за доброто управување на локално ниво, бидејќи овозможуваат транспарентност, отчетност и вклученост на граѓаните. Преку слободен пристап до квалитетни отворени податоци, јавноста добива појасен преглед во работата на локалните власти и одлуките што се донесуваат во нивно име.

Во оваа област најдобри резултати имаат Демир Хисар (38%) и Карпош (37%), додека најниско рангирани се Демир Капија, Лозово и Сопиште (4%). Преку хоризонталната област отворени податоци, Индексот ги анализира практиките на Единиците на локалната самоуправа (ЕЛС), за отвореноста на податоците што ги објавуваат, односно навиките на ЕЛС за објавување информации во отворен формат што се лесно обработливи од техничка гледна точка. Исто така Карпош е најпристапна општина во скопскиот регион. Пристапноста претставува клучен столб на доброто управување, овозможувајќи креирање на транспарентни, инклузивни и отчетни локални политики.

Од особена важност е интеракцијата со граѓаните, односно можностите за двонасочна комуникација меѓу ЕЛС и граѓаните преку наменски алатки и социјални медиуми, како и  пристапноста на градоначалниците/чките и општинските органи. Исто така се вреднува пристапот до информации и услуги каде што спаѓаат слободниот пристап до информации од јавен карактер, пристапноста на услугите и информирањето на граѓаните за работата на ЕЛС.

Оттука, според Индексот на отвореност во 2025 година, Карпош со 76% е најотворена општина во скопскиот регион. Транспарентноста и отчетноста претставуваат основни начела на доброто владеење кои треба да бидат темел на работењето на локалната самоуправа. Тие се клучни за градење и одржување на довербата на граѓаните во одлуките и работата на локалните власти. Достапноста до податоци за работењето на ЕЛС, буџетите, договорите, вработувањата и јавните набавки преку интернет, не само што овозможува граѓаните подобро да ги разберат процесите, туку и го зајакнува надворешниот надзор од страна на граѓанските организации, експертите и пошироката јавност.

Линк до мерењето

https://metamorphosis.org.mk/izdanija_arhiva/procena-na-dobroto-vladeenje-vo-edinicite-na-lokalnata-samouprava-vo-republika-severna-makedonija-preku-indeksot-na-otvorenost-merenje-za-2025-godina/


Извор:karpos.gov.mk

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за недостаток на сон
Пресметајте за тоа колку сон ви недостасува.
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Амбасадорот на Полска Мариуш Бримора во посета на Општина Кочани

Марко Цепенков оживеа во Гевгелија: Изложба на материјална култура и фолклор

Општина Охрид: Свежо цвеќе во чест на борците од НОБ

Центар за јавно здравје Велес.: Природните чешми во Велес се епедемиолошки несигурни и со непостојан квалитет

Реконструкција на влезот на Башино Село

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Локално

Советот на општина Струмица ја одржа шесттата седница: Усвоени одлуки за спорт, образование, гас и финансиска поддршка

Локално

Ѓорче Петров: Пионер во борбата за чист воздух и енергетска ефикасност

Локално

ИЗВЕСТУВАЊЕ – Прскање против комарци 9 Септември

Локално

Исполнето децениско барање – изграден пат до црквата во Мрзенци

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?