Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Општина Куманово и Здружение ТАЈКА

Градоначалникот Максим Димитриевски, денеска потпиша Меморандум за соработка во име на Општина Куманово,  со Здружението за поддршка и развој ТАЈКА – Гевгелија, застапувано од претседателката Тања Јовановска Каркалашева.
Потпишаниот документ е од заеднички интерес и тесна координација, со цел да се поттикне општински, регионален и државен развој, во областа на социјалната заштита и благосостојба.

Основна цел на соработката е имплементација и афирмација на инвестициони и иновативни проекти со авторско право, (проекти: “Ќерката на орелот” и “Манди”), сопственост на Здружението ТАЈКА.

Преку овие проектни активности, ќе се воспостави нов систем на социјална заштита, во согласност со процесите на деинституционализација, децентрализација и дигитализација, согласно стратешките определби на Владата на РСМ и нивната примена на територијата на Општина Куманово.

Здружението ТАЈКА е инвеститор, имплементатор и донатор на активностите поврзани со проектите, а соработката е насочена кон:
– Лица со попреченост од 18 до 65 годишна возраст,
– Лица со ретки болести и
– Лица изложени на социјален ризик и општествено исклучување

Извор:kumanovo.gov.mk

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава