Со посета на сајтот се сложувате со нашата Политика на приватност, заштита на податоци и колачиња
Accept
Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Notification Show More
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
    • Радио станици
    • Филмови
    • Поткасти
    • ТВ Архива
    • Календар со неработни денови
    • Курсна листа
    • Македонска музика
    • Фото на неделата
    • Амбасади и ДКП
    • Платен промет
    • Поважни линкови
    • Поважни телефони
    • Јавни набавки
    • Предлог типови
Reading: 300 километри за само 20 минути со синот
Share
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
    • Радио станици
    • Филмови
    • Поткасти
    • ТВ Архива
    • Календар со неработни денови
    • Курсна листа
    • Македонска музика
    • Фото на неделата
    • Амбасади и ДКП
    • Платен промет
    • Поважни линкови
    • Поважни телефони
    • Јавни набавки
    • Предлог типови
Follow US
Home » Blog » 300 километри за само 20 минути со синот
Агол

300 километри за само 20 минути со синот

02.08.2025
Share
SHARE

Пред неколку дена, повторно ја поминав истата рута: 300 километри по македонските патишта – сам, со мисли кои ги носат сите бои на емоциите: болка, надеж, тивка радост… и уште многу нешта кои не можат да се опишат. Причината? Мојот син. Мојата единствена цел. Мојата неограничена љубов.

Не постојат пречки кога станува збор за љубовта на таткото. За вистинската љубов на таткото. Ниту километри, ниту умор, ниту неизвесност. Кога дознав дека имам можност да го видам мојот син во градинка – дури и ако е само за 20 минути – не размислував воопшто ниту за момент. Бев од претходно навикнат да поминувам километри и да молам пред нечија врата за да ми дозволи да го видам синот.

Стана навика да патувам по два пати неделно до Делчево и назад. На секое патување следи најава од вечерна возбуда и неспиење до утринските часови. Како и претходно, така и сега едноставно седнав во автомобилот и тргнав. И во тој миг, за мене тоа не беше жртва, туку вистинска чест, одговорност и нужност што тешко може да се објасни со зборови.

Кога веќе мајката, а ниту институциите не сакаат да му обезбедат на моето дете еднаква присутност на двајцата родители – кога се толерира молк, игнорирање и одбивање на моето татковско право – јас морам да бидам тој што нема да се откаже.

Тоа што го живеам се вика алиенација. И таа не е само збор – таа е реална, болна и поддржана со рамнодушност од тие што треба да штитат. Не само дете, туку и право.

Полошо од тоа да не можеш ништо да направиш за своето дете, е кога знаеш дека можеш да направиш сè, но не ти е дозволено. Кога имаш срце, капацитет, љубов и волја – но тие се игнорирани. Заменети со молк, со институционално „не гледаме, не слушаме“, и со приватна војна што мајката ја води преку детето.

А има и многу невкусни и грозни работи што душата мора да ги преживее. Така пред некоја недела видов како непознат маж го држи мојот син за рака. На улица. Случајно. Јас стоев на неколку метри од нив. Тој не ме виде. И во тие неколку секунди моето срце се скина на два дела – едниот од љубов, другиот од болка. Таткото кој безброј пати се жртвуваше за своето дете да не може да го држи за рака, да го гушне, да го прошета, а истото го прави некој кој ниту го знам, ниту го познавам, а е само еден месец во животот на детето. Горчина? Голема. Многу поголема, особено кога сите гледаат колку мојот син е среќен и радосен кога тие 20-тина минути е со мене.

Но останав таму. Стоев. Ќутев. Не затоа што не сакав да се доближам, туку затоа што под закани, манипулации и постојан страв што го создава мајката, мојата слобода да се приближам до сопствениот син е ограничена. Се сведува на  познатата закана „Ќе те пријавам за вознемирување“. И така, се разминавме, јас сам, мојот син со непознат маж. И нема што да направам. Дури и едно „Добро утро“ ќе биде доволно за да бидам пријавен во полиција поради наводно вознемирување.

Тоа е тишина што убива. Не гласна и бурна – туку тивка, контролирана, легализирана. Таа тишина е срам за сите што гледаат, а молчат. За сите што имаат моќ, но не постапуваат.

Но јас нема да молчам вечно. И нема да се откажам. Ќе стојам на својот пат, исправен и истраен. Не за себе – туку за мојот син. За да знае еден ден дека неговиот татко бил тука. Секогаш.

…

Сега кога пристигнав во неговата градинка во Делчево, срцето ми чукаше како никогаш досега – брзо, силно, со една топлина која не може да се опише. Тие 30 секунди додека го донесат кај мене вообичаено ми траат цела вечност. Дури имало и моменти кога ќе заѕвонам, а оттаму ќе ме пречека глас „Денеска не е дојден на градинка“. Разочарување и огорченост. Голема.

Прегратката е вообичаена за добредојде. Таа прегратка, едноставна и топла, кажува сè исто како и кога ќе ни се пресретнат погледите па сигурен сум дека двајцата го гледаме истото, со истите очи, а во различни тела. Во тие 20 минути светот исчезнува. Забораваш на сите проблеми, пречки, манипулации, закани… На сите борби кои се почнати. На сиот молк добиен од институциите и на секое „не може“ добиено од мајката.

…

Секогаш сум се прашувал што значи да се биде татко. Мислев дека љубовта е она што се чувствува само кога го држиш детето во раце, кога го гледаш како расте, како учи нови работи… Но, оваа привилегија која не секој родител ја има, ме научи дека вистинската љубов се чувствува и во отсутноста, во чекорите што ги правиш за да се вратиш назад.

Она што го правиме за нашите деца, често не се одразува веднаш. Понекогаш, дури и со сите жртви, немаме гаранција дека ќе бидеме таму во моментот кога им е најпотребно. Но, кога ќе стигнеме, кога ќе ги почувствуваме, тие 20 минути стануваат бесконечни. За нив, можеби се кратки, но за нас тие се цел свет.

Знам дека има родители кои секој ден ги видуваат своите деца – ги будат, ги носат во градинка, ги чуваат кога се болни… Но, за мене, секој миг со мојот син е нешто повеќе од тоа што обично го земаме здраво за готово. Знам како е да се бориш за едноставните моменти кои другите можеби не ги ценат.

Понекогаш тоа значи да се соочиш и со нешто многу посилно од физичката далечина – со бариери што не се само географски, туку и емоционални, кои се поставуваат од оние кои треба да го разберат и почитуваат правото на таткото да биде дел од животот на своето дете.

Тие 20 минути за мене се вечност. Секоја секунда беше вредна како 15 километри. И секој километар беше носен со љубов.

Некои велат дека вистинската љубов е лесна, природна… Но, јас знам дека вистинската љубов е таа што го носи товарот на долгите патишта, онаа што те тера да го правиш нешто што не се прави за себе, туку за другите.

И тој товар може да изгледа тежок, но кога ќе се вратиш дома, кога ќе го почувствуваш среќниот и топол поглед на своето дете, таа тежина исчезнува. Понекогаш, љубовта значи да поминеш 300 километри само за една прегратка. И секој километар, секоја милја е исполнета со толку многу емоции што не можеш да ги објасниш со зборови.

Секој пат кога ќе се обидам да се приближам до моето дете, се соочувам со препреки што не ги поставувам јас, туку некој друг. Луѓето кои се обидуваат да ме одалечат од него, кои ја искривуваат вистината и ја менуваат реалноста, забораваат едно – љубовта е бескрајна и силна.

Без разлика колку манипулираат, колку бариери поставуваат или колку се трудат да ме спречат, љубовта што ја имам за мојот син е толку голема што ме тера да продолжам и да се враќам. Не за себе, туку за него. За мојот син.

Никогаш нема да престанам да се борам. Не за себе, туку за него. За тоа тој да порасне знаејќи дека има татко кој го сака, кој секогаш е тука и кој не знае за откажување. Без разлика на сите пречки, административни бариери или лични битки со кои се соочувам во животот.

Оваа приказна не ја раскажувам за да побудам сожалување, туку за да го споделам гласот на таткото – оној кој не се слуша доволно често. Понекогаш и татковците плачат. Но дури и кога плачеме, не се предаваме. Се враќаме… Пак и пак… само за уште една прегратка.

Љубовта не се мери во денови, не се мери во документи или договори. Љубовта се мери во километри што ги поминуваш без да се двоумиш. Љубовта се мери во тие 20 минути прегратка која ќе ти остане во срцето со денови. Љубовта се мери кога си на колена, понижен, но со главата исправена токму за својто син. Љубовта, кога е искрена, е неуморна. И знам дека колку и да се трудиме, на крајот, сите ќе сфатиме дека вистинската вредност на љубовта не лежи во бројот на чекорите што ги правиме, туку во сила и чистота на намерите што ги носиме со себе.

Понекогаш најголемите патувања не се мерат во километри, туку во срцето. Понекогаш сè што ти треба е еден мал глас, една прегратка, еден поглед… за да знаеш дека сè вреди.

Утрото беше тивко, патот долготраен. Поминав речиси 300 километри, од желба, од потреба – да го видам моето дете. Да му дадам насмевка, да му покажам дека сум тука. Секогаш.

Го прегрнав на само 20 минути. Но тие 20 минути беа вечност за мене. Во тие 20 минути тој повторно беше моето дете, а јас неговиот татко. Без граници. Без тишини. Без пречки.

Овој текст не е жалба, не е обвинување. Тоа е сведоштво. За татковството. За љубовта. За постојаното присуство – дури и кога не си секогаш покрај него физички. Тоа е глас на многу татковци кои љубат тивко, борбено, истрајно.

Знам дека има и други како мене. Луѓе што секој ден ги кројат своите животи околу моментите што ги имаат со децата. Некои се бориме со километри. Некои со ѕидови. Некои со молк. Но сите имаме ист мотив – љубовта кон децата.

Оваа приказна не завршува со тие 20 минути. Таа продолжува секој ден. Со надеж. Со труд. Со љубов. Со верба дека секое дете заслужува два родители кои го сакаат и поддржуваат.

Јас сум тука. И ќе бидам. Колку и да треба да патувам. Колку и да чекам. Сè додека мојот син знае дека неговиот татко не се откажал.

Прочитај уште: ЕДНА ГОДИНА БЕЗ МОЈОТ СИН

Викендот во Делчево на еден татко

Share This Article
Facebook Twitter Telegram Email Copy Link Print

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Викендот во Делчево на еден татко

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mkЗабрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • Ценовник Локални избори 2025 година
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Македонија ДенесМакедонија Денес
© 2024 Македонија Денес. Сите права се задржани.
- Advertisement -
Ad image
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?