Со посета на сајтот се сложувате со нашата Политика на приватност, заштита на податоци и колачиња
Accept
Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Notification Show More
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Reading: Една година без мојот син
Share
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Follow US
Home » Blog » Една година без мојот син
Агол

Една година без мојот син

05.04.2025
Share
SHARE

Денес се навршува една година. 365 дена. Триста шеесет и пет утра и триста шеесет и пет ноќи откако тишината ми стана глас, а болката ми стана сенка. Една година од денот кога таа го избра лажењето наместо љубовта. Кога ја предаде вистината. Не само кон мене – туку и кон него. Кон синот. Кон она најчисто нешто што некогаш заедно го создадовме.

Неверството – не само чин, туку пресврт. Граница. Раскрсница. Почеток на крајот. Крај на домот, крај на смеата во кујна, крај на заедничките вечери, крај на она што требаше да значи „ние“. Крај на топлината што ја имавме во очите кога ќе го гледавме нашиот син како заспива. Крај на нас, но уште полошо – почеток на отуѓување од моето дете.

А таа… таа избра друг пат. Избра нови лица, кратки врски, брзи возбуди, непостојани мажи кои доаѓаат и си заминуваат додека мојот син расте без својот татко. Иронијата е премногу сурова: таа со секој нов маж гради своја илузија, а мене ми го руши секој обид за вистински контакт со моето дете. Таа ги менува имињата до него, а мене ми го брише лицето од неговата меморија. Повеќе различни мажи повеќе време имаат поминато во близина на моето дете отколку јас – неговиот татко. Од нив има потреба мајката, од мене има потреба детето. И јас од него.

365 дена таа имаше време за нови почетоци, а јас немав ни можност да заспијам покрај мојот син. Таа имаше време за врски, за авантури, за друштва… Јас имав само празни детски чорапчиња во фиока, мирис на изгубено детство и недоспиени ноќи полни со „што ако“.

Лагите станаа нејзин јазик, манипулациите нејзин стил. Нешто што отсекогаш бил нејзин стил, но ја предоцна дознав. Напади, сценарија, конструкции, местенки. Лажни пријави во полиција, во центар за социјални работи, во секојдневието. Од себе направи глумица. Со солзи по потреба и со обвинувања што тежат како камен. Скоро секој обид за контакт со синот го пресретна со нова закана, со нова запишана лага, со нова пријава. А јас… јас… Се борев со тоа. Понекогаш и се губев во тоа. Признавам. Наседнував како мало дете.

Најстрашно од сè е тоа што веќе 365 дена мојот син не заспал покрај мене. Освен оние неколкуте во болница или по исклучок кои се бројат на прстите од едната рака.

365 ноќи… без да го покријам со неговото ќебенце, без да му ја потпрам главата кога ќе се заврти. 365 утра без да го разбудам со тивко „добро утро, сине“ додека го галам по челото. 365 денови без неговиот поглед. Без оние очи полни љубопитност, љубов, сигурност.

Секој ден од овие 365 ми е како мал, невидлив гроб. Не за да се погребе споменот – туку за да се погребе можноста. Можноста да бидам таму. Да бидам покрај него. Да бидам целосен. Да бидам татко во живот, а не татко во спомени. Да не живеам во паралелна реалност, туку во секунда со моето дете. Да не го барам во фотографиите, туку да го гушнам во реалноста.

Ми недостига. Не, тоа не е збор што опишува доволно. Ми гори. Како оган што не згаснува, само се преместува во друга форма – од градите во грлото, од очите во дланките. Ми се дере низ внатрешноста како изгубен глас во планина. Ми се јавува во соништа и ми бега на јаве. Понекогаш мислам дека ќе го видам зад аголот, а потоа реалноста ме удира како шлаканица.

Ми недостига секој поглед, секој допир, секоја шепната бајка што ја измислував само за него. Бајки што не беа напишани – беа изживеани. Ми недостига секое „ајде да си играме“, секое детско „ммм“ што само јас го разбирам. Ми недостига кога се смееше со очи. Кога се лутеше на играчките. Кога молчеше, а јас знаев што сака. Кога ме гушкаше одеднаш, ненадејно – како да сака да ме зачува во себе.

Но, еве ме. Сè уште стојам. Не затоа што сум силен, туку затоа што морам. Затоа што он не смее еден ден да се праша каде бил тато – и да нема одговор. Сакам да го знае. Сакам да го почувствува. Сакам да го разбере.

Ќе го најде одговорот. Ќе го прочита. Ќе го почувствува во овие страници. Во секој збор. Во секоја болка што сум ја запишал. Во секое мое стоење пред институција. Во секое „не“ што сум го добил. Во секое „ќе видиме“ што ме срушило. Во секоја непреспиена ноќ. Во секој ден кога тивко чекав.

И ако некогаш, еден ден, ми рече: „Тато, не мораше толку да се мачиш.“, ќе му одговорам со раце раширени: „Сине, не можев да си дозволам да не се мачам. Те љубев премногу. А љубовта, вистинската, не избира лесен пат.“

Ова е последен запис во овој дневник. Не затоа што снемав зборови. Туку затоа што не сакам следната страница да ја испишувам сам. Сакам покрај мене да седи. Да гледа. Да прашува. Да се насмевне. Сакам да го гушнам додека пишувам. Сакам да слушне дека постои вистина што не се раскажува – туку се живее. Со дела. Со истрајност. Со љубов што не умира.

Денес е 365. ден. Денес завршува едно броење. И почнува друго.

Броење на нови чекори кон повторна блискост. Броење на денови до правда. Броење на прегратки што ќе ги надоместиме. Броење на љубов што ќе си го најде патот назад.

За животот што го должам нему. За љубовта што не престана. За татковството што не се предаде. За правдата што ќе ја најдеме. За иднината што ќе ја градиме.

За Александар. За секој негов здив, за секоја негова насмевка, за секое „тато“ што допрва ќе дојде.

Викендот во Делчево на еден татко

Украдов кола за да го спасам детето

Сине мој, све су то барабе

Share This Article
Facebook Twitter Telegram Email Copy Link Print
Share
What do you think?
Love0
Sad0
Happy0
Surprise0
Angry0
Dead0
Wink0

ПОПУЛАРНО

Балкан

Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Викендот во Делчево на еден татко
„Македонецот“ – полски документарен филм посветен за децата-бегалци од Егејска Македонија
Еден ден и јас ќе го фрлам зарот и фереџето

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mkЗабрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Македонија ДенесМакедонија Денес
© 2024 Македонија Денес. Сите права се задржани.
- Advertisement -
Ad image
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?