Интервју со Александар Андов, носител на советничка листа за Општина Кочани од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.
1. Господине Андов, како носител на листата на советници од редовите на владеачката политичка партија ВМРО – ДПМНЕ заедно со коалицијата за град Кочани, како ја доживувате честа, но и одговорноста за оваа функција?
АА: Најпрво сакам да ви се заблагодарам за можноста. Да си носител на советничка листа на најголемата политичка партија ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Кочани е голема чест и привилегија но во исто време и голема одговорност.На што го темелелам ова? Кога зборувам за чест е затоа што како иден советник во Советот на Општина Кочани ќе имам чест да им служам на граѓаните,секојдевно да бидам во нивните маала,учици,спортски терени,пазари и сл. И да работам за нив за да сите заедно имаме подобро утре,да почнат да веруваат дека советниците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата се дел од нив кој ќе ја вложат целата своја енергија и знаење за подобра иднина на наше Кочани. Додека одговорност бидејќи не смееме да ги изневериме граѓаните во ниту еден момент и мора да покажеме разлика дека она што сме го ветиле ќе го исполниме и нема да ги разочараме напротив ќе ја кренеме довербата во локалните институции на многу повисоко ниво од сега.
2. Како директор на основно училиште, кои искуства ги сметате за највредни и истите ќе ги примените и како советник?
АА: Директор е само именувана функција која ви дава можност да направите нешто со кое ќе ги подобрите условите во вашата институција.Функцијата е минлива работа затоа според мене секогаш треба да останеме пред се исти и да продлжиме да ги негуваме пријателствата но и да стекнуваме нови.Предност е тоа што од поблиску се запознаваш со многу предизвици кои треба да ги решиш,чести си надовор од конфорната зона за да ги изменаџираш сите предизвици,тоа те прави карактерно посилна личност,добар менаџер со особони како што се (работлив,трпелив,решеителен транспарентен и сл).Така се надоградуваш како личност и имаш предност кога ќе навлзеш во друга професија или институција.
3. Според вас, кои се трите најголеми проблеми со кои се соочува Кочани во моментов?
АА: Кочани во моментов се соочува со: сообраќаен хаос, загадување на животната средина и задржување на младите.
4. Како ќе се заложите за подобрување на образованието на локално ниво?
АА: Да спремен сум секоја одлука која ќе биде во интерес на граѓаните да ја подржам без размислување.
6. Што би направиле за да ги задржите младите во Кочани?
АА: Ова е многу тешко прашање,и прашање кое го чуствувам многу емотивно затоа јас би рекол дека со подршка на центрлната власт и дирекни мерки за младите во кои ќе бидат вклучени и локланите самоуправи(Општините)би можеле да дадат резултат,реформи како што беа купи куќа купи стан за млади брачни парови,финасиска подршка за отворанње на сопствен бизнис,даночни и административни олеснувања за младите кои сакаат да инвестираат во Кочани и уште низа конкретни мерки за да младите ни останат во Кочани.
7. Дали имате план за поддршка на локалното земјоделство, со оглед на важноста на оваа гранка во кочанскиот регион?
8. Каква порака им испраќате на жителите на Кочани во пресрет на изборите?


