Вашингтон, 6 ноември 2024 (МИА) – Американските граѓани сè уште го очекуваат обраќањето на претседателската кандидатка на Демократите Камала Харис по поразот на изборите, додека од нејзиниот тим се осврнуваат на ноќта на изборите.
Според Си-Ен-Ен, блиски извори до кампањата на Харис истакнале дека е потребно време и простор за да се процесуира поразот.
– Ве молиме да ѝ дадете на кампањата на Камала Харис време да ги дефинира своите сили и слабости – се наведува во изјавата.
Освен претседателската трка, Демократската партија го загуби и мнозинството во Сенатот, а сè е поверојатно дека ќе го изгуби и во Претставничкиот дом.
Од Сања Костовска/МИА