Вашингтон, 6 декември 2024 (МИА) – Американскиот милијардер Илон Маск донирал 259 милиони долари (245 милиони евра) за поддршка на претседателската кампања на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, објави Американската изборна комисија.
Во соопштението се наведува дека Маск издвоил 239 милиони долари за поттикнување на поддржувачите на Трамп да излезат на претседателските избори одржани на 5 ноември, а крајот на октомври дал дополнителни 20 милиони долари на група која се обидувала да ги убеди гласачите дека Трамп нема да потпише закон за забрана на абортус на ниво на САД.
Со овие донации, Маск стана еден од најголемите донатори во претседателските кампањи во историјата на САД.
По изборната победа, Трамп го именува Маск, заедно со поранешниот републикански претседателски кандидат Вивек Рамасвами, да го водат Одделот за ефикасност на владата во неговата нова администрација.
Од Сања Костовска Извор МИА