Вашингтон, 14 декември 2024 (МИА) – Соединетите Американски Држави успешно тестираа конвенционална хиперсонична ракета на Флорида, само неколку недели откако Русија по првпат во борба го употреби својот нов балистичка проектил „Орешник“ кој може да носи и нуклеарни боеви глави.
Американскиот хиперсоничен систем со долг дострел, познат како „Дарк Игл“, ја лансирал ракетата од вселенската станица Кејп Канаверал, со што е завршено сеопфатното тестирање, објави Пентагон.
Ова е првт успешен тест на системот „Дарг Игл“, при што се користени оперативен батериски центар транспортно-подигачки лансер.
Хиперсонични проектили, кои достигнуваат брзина поголема од 5 маха (пет пати поголема од брзината на звукот), претставуваат значаен чекор напред во воената технологија. Поради нивната брзина, дострел и маневрирање, тие можат да ги заобиколат повеќето постоечки системи за воздушна и ракетна одбрана, што ги прави револуционерно оружје.
Од Сашо Арсовски /МИА