Вандализмот во скопската населба Капиштен продолжува. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски побара од Министерството за внатрешни работи веднаш да реагира за вандалското однесување на одредени поединци – малолетници во населбата Капиштец во центарот на Скопје. Тој на социјалните мрежи објави видео на кое се забележува како малолетни лица кршат шишиња, пукаат петарди и се тепаат во доцните ноќни часови во населбата. Герасимовски напиша оти веднаш ќе го пријават случајот и оти очекуваат МВР да поведе истрага.