Од она што најмногу се стравуваше тоа и се случи – Ауди ја затвора фабриката во Брисел, пренесуваат германските медиуми. Ова следува откако преговорите за наоѓање на купувач на фабриката во целост пропаднаа па така германскиот производител објави дека на 28 февруари следната година фабриката ќе биде затворена во целост.
„Audi беше подготвен на компромис до крај“ изјави оперативниот директор на Ауди, Герд Вокер кој додаде: „За жал партнери ја отфрлија нашата последна, дури и подобрена понуда. Затоа сега се подготвуваме директно да им пристапиме на вработените со понудата“.
Ауди на вработените покрај законската отпремнина ќе им додели и дополнителен бонус кој е различен во зависност од тоа колку вработениот работел во фабриката како и вкупниот стаж.
Дали по Брисел, Ауди како и Фолксваген Групацијата ќе продолжи со затворање на фабрики останува да видиме.