Најмалку 124 лица загинаа кога авион слета без тркала, се лизна од пистата и се запали откако удри во ѕид на меѓународниот аеродром Муан во Јужна Кореја, соопштија пожарникарите.
Летот на „Jeju Air“ што доаѓал од главниот град на Тајланд, Бангкок со 181 патник и членови на екипажот, се обидел да слета денеска околу девет часот наутро по локално време на аеродромот на југот на земјата.
Новинската агенција Јонхап ги цитираше аеродромските власти дека опремата за слетување се скршила при слетувањето, поради што авионот се излизгал од пистата, удрил во периметарскиот ѕид на аеродромот и се запалил.
BREAKING: New video shows moment Boeing 737-800 plane carrying 181 people onboard crashes at Muan International Airport in South Korea.
pic.twitter.com/konxWBpnWy— AZ Intel (@AZ_Intel_) December 29, 2024