Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Свет

Европол: Расте бројот на малолетници меѓу сторителите на кибер криминал

22.07.2024 14:26
Сподели

Брисел, 22 јули 2024 (МИА) – Милиони жртви ширум ЕУ во текот на 2023 година на дневна основа беа цел на напади и искористувања во интернет просторот, при што во многу случаи сторители на овие кривични дел се малолетници, се наведува новиот извештај на Европол насловен „Проценка на заканите од интернет организиран криминал“ објавен денеска.

Во ова 10-тото издание ваквиот тип извештај се прави длабинска проценка на клучните случувања, промени и новите закани во компјутерскиот криминал во текот на минатата година, при што се нагласува тенденцијата на фрагментација и мултиплицирање на пејзажот на кибер криминалот.

Во документот се посочува дека лани цел на хакерски напади со цел барање откуп за отстранување на штетните софтвери се повеќе станувале малите и средни бизниси поради нивната послаба кибер одбрана, дека се бележи раст на нападите врз е-трговците и банкарските институции се претпочитани цели на нападите за дигитално прелистување, дека приватни корисници натаму се жртви на кампањи на измами, како и дека се зголемува бројот на случаи на онлајн сексуална изнуда од малолетници.

Ad image

Покрај релевантните криминални трендови, како што се кибер-нападите, сексуална експлоатација на деца и шеми за измами преку интернет, во Извештајот се наведени и прогнози за тоа што може да се очекува во блиска иднина, особено во врска со новите технологии, платежните системи, вештачката интелигенција, криптовалутите и недозволената содржина на интернет.

Банер Банер BrandEcho

– Неодамнешните операции за спроведување на законот ги поттикнаа групите за „откупни софтвери“ да се разделат и ребрендираат под различни маски. Понатаму, континуираното отстранување на форуми и пазари на т.н. „дарк веб“ го скрати животниот циклус на криминалните интернет страници. Оваа нестабилност, во комбинација со напливот на постоечки измами, придонесе за фрагментација и умножување на кибер заканите, се наведува во извештајот.

Европол почосчува дека се почести се изнудувањата, бидејќи украдените податоци се изложени на ризик да бидат објавени и понудени на аукција, што создава опасност од виктимизација на жртвите на кибер заканите.

– Се чини дека во многу случаи прекршителите се малолетници, а некои почнаа да користат вештачка интелигенција, која веќе станува компонента во нивната опрема. Употребата на криптовалути во поширок спектар на области на криминал, исто така, стана позабележителна, се додава во извештајот.

Во документот се посочува дека користењето на вештачката интелигенција во кибер криминалот е во почетна фаза, особено во однос на сексуална злоупотреба на деца и во следниот период треба внимателно да се следат овие трендови.

Според Европол, случаите на објавување материјали со сексуална злоупотреба на деца со помош на вештачка интелигенција ќе претставуваат растечки предизвици, не само во однос на нивниот обемот, туку и во однос на способноста на истражните органи да го идентификуваат вистинскиот идентитет на жртвите и престапниците.

Дополнително се посочува на можноста за користење на современите технологии за преземање на лични комуникации на корисниците на комуникациските платформи, како и на злоупотреба криптовалути во услови на раст на трговијата со нив.

Во Извештајот се нагласува и дека за брзо и ефикасно справување со главните закани во интернет просторот, потребно е на органите за спроведување на законот да им се обезбедат соодветно знаење, алатки и законодавство.

Од Сашко Панајотов Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за овулација
Калкулатор за овулација
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Дали Меѓународниот кривичен суд неправедно ги таргетира одредени земји?

Шокантен инцидент во Бар – Младич осомничен за силување и закани

Изборниот штаб на Трамп соопшти дека е хакиран и го обвини Иран

Рубио ги обвини Никарагва, Венецуела и Куба дека предизвикуваат миграциска криза

Трагедија на свадба во Турција: Младоженецот застрелан од роднина на сопругата

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Свет

Во автобуска несреќа во Мексико загинаа над 40 луѓе

Свет

Евростат: Мажите со подолг очекуван работен век од жените

Трамп го прогласи глобалниот даночен договор на ОЕЦД за неважечки во САД

Балкан

Украинец се претставувал за лекар и изнудувал пари од семејства во Хрватска!

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?