На денешен ден 1941 година, вечерта спроти 1942 година во Струга за прв пат е испеана „Денес над Македонија“ која подоцна станува и официјална химна на Република Македонија.
Автор на текстот е Владо Малески, а автор на музиката Тодор Скаловски. Напишана е во 1941 година. По завршувањето на Втората светска војна е усвоена како химна на СР Македонија во рамките на поранешна Југославија, а по осамостојувањето на Република Македонија, на 11 август 1992 година со закон е прогласена и за химна на независна Македонија.
Со текот на времето текстот на химната претрпел разни промени, при што денес се познати три нејзини верзии — денешната верзија, првичната химна и првата официјална изведена химна која се разликува од првата во само еден ред. Во однос на првичниот текст од 1941 година се изоставени имињата на Никола Карев и Димитар Влахов, а е додадено името на Даме Груев.
ВИДИ: Верзијата на македонската химна за која сигурно не сте знаеле
Верзијата на македонската химна за која сигурно не сте знаеле