Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Македониум

Јас ќе умрам млад, а гробот нема да ми се знае

04.01.2025 00:02
Сподели

На денешен ден, 4 јануари 1943 година во Скопје по ѕверско измачување убиен е Страшо Пинџур, македонски комунист, учесник во НОБ и народен херој на Југославија.

Основното училиште го завршил во Ваташа, а нижа гимназија во Кавадарци. Потоа, образованието го продолжил во Крагуевац, а во Белград студирал право. Во Белград се вклучил во револуционерното движење и во 1934 година се зачленил во КПЈ.

По окупацијата на Македонија, Страшо Пинџур станал член на Покраинскиот комитет како инструктор, а од јуни 1942 г. бил член на Главниот штаб на НОВ и ПОМ. Есента 1942 бил разбиен Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“. Страшо Пинџур, заедно со Мирче Ацев, дошол во Велес да ја консолидираат работата на партиската организацијата.

Ad image

На 19 декември 1942 г., тие биле провалени во куќата на Јован Митрев и биле спроведени во Обласната полициска управа во Скопје. Потоа, двајцата биле подложени на невидени инквизициони мерки со цел да ги извлечат бараните информации од нив од страна на бугарскиот окупатор. Мирче не проговорил ниту збор, а Страшо извикал: „Ѕверови! Јас сум Страшо Пинџур! Доста е тоа за вас!“

Банер Банер BrandEcho

На 4 јануари 1943 г., во просториите на Скопскиот областен затвор, како последица на силните измачувања, умрел Страшо Пинџур. Истата вечер, неговото тело било однесено во непознат правец и закопано на тајно место, така што до ден-денес не се знае неговиот гроб. На тој начин се остварило претскажувањето од неговиот дневник, кој го водел во 1933 г., каде тој запишал: „Јас ќе умрам млад, а гробот нема да ми се знае“.

Сведоштвото на началникот на Обласната полиција во Скопје, Љубомир Јорданов, вака го опишува мачењето на Страшо.

„Пинџур, освен што го кажа своето име, не сакаше ништо друго да каже. Поради тоа го тепавме. Го тепавме јас, Тенјо Рајков, Илија Николов, Андон Донев, Тодор Маринов… Го тепавме со гумена палка по табаните и по целото тело, кој каде можеше, удирајќи го со клоци по грбот и стомакот, а два-трипати сме му ги ставале нозете во вода и потоа продолжувавме со тепањето. Два дена беше непрекинато тепан. Во мноrу тешка состојба беше вратен во ќелијата. Другиот ден попладне го испратив Тодор Маринов да го повика на сослушување. Тие се вратија и рекоа дека Пинџур умрел во ќелијата. Штом го рекоа тоа, отидов во ќелијата да го видам. Го најдов како лежи во пена што му избиваше од устата. Веднаш му се јавив на началникот на службата за државна безбедност, Васил Цанков дека Пинџур умрел. Тој ме праша, како тоа умрел? Не знам, — му одговорив — Не претпоставував дека толку брзо може да умре.“

Потоа агентите и полицијата се обиделе да ја сокријат смртта на Пинџур, за народот да не дознае дека бил убиен во затвор. Тогаш обласниот полициски началник Симеонов наредува трупот да се закопа некаде. Ноќта агентите Тодор Ташев и Анто Георгиев го изнеле телото на Пинџур со моторцикл, но каде го однеле или дали го фрлиле во Вардар, не се знае. Потоа Васил Цанков му наредил на агентот Јорданов заедно со агентите Ташев и Георгиев да одат во Велес, каде требало да спроведе божемна истрага околу Страшо Пинџур. Агентите на неколку километри после Велес го запреле автомобилот и истрелале рафали во ноќта. Потоа повикале полицајци од Велес кои ја затвориле и пребарувале областа каде што пукале со назнака дека бараат затвореник кој избегал, а по неуспешната потрага, се вратиле во Велес каде Јорданов телефонирал на Цанков дека Пинџур успеал да им побегне. На ова Цанков глумел дека е лут поради тоа што Пинџур се спасил.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за стареење
Калкулатор кој прикажува колку брзо старееш.
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

50 години од смртта на Кирил Манчевски – великанот на народната песна

Вака се калеше братството помеѓу македонскиот и албанскиот народ

51 години од смртта на Кирил Манчевски – великанот на народната песна

15 години без Гане Тодоровски

На денешен ден Григор Прличев ја доби наградата за „Сердарот“

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Македониум

Реканската свадба – традиција што се пренесува со векови

Македониум

Во сеќавање на Томо Шијак – меѓу првите македонски уметници што го проблематизирал сликарството како дисциплина

Македониум

Сеќавање: 22 година без Ѓорѓи Колозов

Македониум

Херојски војуваше против фашистите па загина трагично – 102 година од раѓањето на Чеде Филиповски Даме

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?