Глобалниот индекс за мир (GPI) се објавува секоја година и врз основа на коефициентот од истиот се прави годишна ранг листа за најмирни земји во Светот. Во рангирањето за 2024 година учествувале 163 земји кои претставуваат дури 99,7% од населението во Светот.
Без изненадување и сосема очекувано на првите позиции се наоѓаат Исланд, Ирска, Австрија, Нов Зеланд и Сингапур. Традиционално на врвот на листата се наоѓаат земји како Швајцарија, Португалија, Данска, Словенија и Малезија.
Но она што навистина и вас ќе ве зачуди е рангот на Република Македонија која со скор од 1.764 поени се наоѓа на 38. позиција на листата. Ова практично значи дека Македонија е помирна земја од Шведска, Полска, Унгарија, Малта, Јужна Кореја и низа други земји.
На првите 38 позиции од поранешна Југославија не се наоѓаат само Босна и Херцеговина и Србија.