Попладнево околу 16 часот автомобил излетал од локалниот пат за селото Рашче и паднал во Вардар.
ТВ Алсат неофицијално објави дека во возилото се наоѓале пет лица од исто семејство, меѓу кои и 4-годишно дете. Случајни минувачи го пронашле детето и веднаш го однеле во болница. Од скопската клиника е потврдено дека 4 годишното дете е надвор од животно загрозувачка состојба.
Во моментов на лице место се наоѓа јавен обвинител како и специјална екипа на МВР составена од нуркачи кои трагаат по останатите тела.