Audi A5 беше еден од последните автомобили кој кон крајот на минатата година се најде на краш тестот на Euro NCAP.
Очекувано, германскиот модел освои максимални пет ѕвезди. Најдобар перформанс оствари во поглед на безбедноста на децата и тоа 88%. Еден процент помал скор освои во однос на безбедноста на возачот односно возрасните. 78% скор оствари во поглед на безбедноста на пешаците, а 77% во поглед на безбедносната асистенција на возачот.
Краш тестот може да го погледнете на видеото во продолжение.