Јапонскиот производител Honda Motor објави дека оствариле зголемување на профитот во првиот квартал од годинава. Во официјалното соопштение стои дека профитот е зголемен за 23% и тој за првите три месеци од годинава изнесува 484,7 милијарди јена што е приближно 4,4 милијарди американски долари.
Најголемо влијание врз ваквиот финансиски резултат има падот на јенот, но и растот на продажбата на хибридни возила во САД како и на домашниот, јапонски пазар.
Другите нумерики покажуваат дека глобалната продажба е зголемена за 2% за првите шест месеци од годината, а во апсолутна вредност, Honda успеа да продаде 1,9 милиони возила. Најголем пораст има во САД од 9% оддека во Кина продажбата е намалена за 21%.