Вашингтопн, 28 јануари 2025 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп има моќ да отпушти секого во неговата администрација, соопшти денеска Белата куќа во момент кога бранеше негови потези за шокантното отпуштање 17 владини инспектори.
„Тој е шеф на извршната власт, и затоа има моќ да отпушти секој од извршната власт што сака“, рече портпаролката на Трамп, Каролина Ливит, за потегот, за кој нашироко се смета дека е незаконски, јавија американските медиуми.
Од Златко Шумковски/МИА