Според достапните податоци до кои дојде Македонија Денес, во текот на минатата година во Република Македонија се продадени 7.202 нови автомобили што претставува импресивен пораст од 32,9% споредбено со претходната, 2023 година.
Најпродаван автомобил е Kia Sportage. Јужнокорејскиот автомобил втора година по ред е на врвот, а доколку ги погледнеме последните пет години, Kia Sportage за најпродаван е три пати.
На втората позиција е Skoda Octavia која бележи пораст на продажбата од 163,1%. Само споредбено, претходната, 2023 година, Octavia ја заврши на 10. позиција.
На третата позиција е Skoda Kamiq со пораст на продажбата од 26,2%. Овој мал кросовер и во 2023 година беше во топ 3 најпродавани автомобили во Македонија.
Најпродаваниот модел за 2022 година, Toyota Corolla минатата година ја заврши како четврти најпродаван. На делба на 5. позиција со идентичен број на продадени единици се Dacia Duster и Opel Corsa.
Само за споредба, во 2023 година најпродавани пет автомобили биле: Kia Sportage, Toyota Corolla, Skoda Kamiq, Citroen C3 и VW Polo.