Свети Ѓорѓи Кратовски е почитуван како голем заштитник на градот Кратово, а неговиот култ се протега надвор од градот, во поширокиот регион. Празникот на Патронот на градот, Св. Ѓорѓи Кратовски ќе биде одбележан со програма во неколку денови. Чествувањата почнуваат на 21 Февруари, петок, со Изложба на слики од 31-вата Лесновска ликовна колонија во Изложбениот салон на Музеј на град Кратово од 12:00 часот. Подоцна од 19 часот во Кино сала ќе се одржи Стенд ап на атрактивниот комичар Бојан Велевски.
На 22 Февруари, сабота, во 12 часот свеченост ќе се одржи во Дом на култура „Лазар Софијанов“ со поетско читање во чест на Свети Ѓорѓи Кратовски од страна на литературниот клуб “Надеж”. На 23 февруари во 08 часот во црковниот храм Свети Ѓорѓи Кратовски, Митрополитот Кумановско – осоговски г.Григориј во сослужение со другите архијереи ќе извршат преосветување на храмот Свети Ѓорѓи Кратовски (1925-2025) – 100 години.
Чествување на Св. Ѓорѓи Кратовски 24 Февруари 2025 година започнува со Света Архијерејска Литургија од 08 часот во црква Св.Ѓорѓи Кратовски, а по завршувањето со иконата на светиот Ѓорѓи Кратовски во поворка – Литија сите се упатуваме кон споменикот и полагаме свежо цвеќе на споменикот на Свети Ѓорѓи Кратовски во центарот на градот.
На Градскиот плоштад од 10:30 часот предвидено е прекршување на патронскиот колач и Водокрст од страна на Свештенослужителите. Во 11часот започнува културно уметничката програма со КУД „Ефрем Каранов“ Кратово, КУД „Вера Јоциќ“ Македонска Каменица, АТМИ „Митко Алексов“ Кочани и завршуваме со македонскиот музички состав Група Круна.