Фолклорната група при НУЦК,,Никола Јонков Вапцаров“ Делчево и оваа година продолжува со акцијата за промовирање на културата преку собирање материјални добра како што се ракотворби или облековни елементи : фута, тријачка, ентерија, саја, волнени чорапи, кошули, колани, појаси и други ткаенини или рачно изработени нешта.
Секој што има вакви ракотворби или облековни елементи а не му се потребни може да ги донесе во Центарот за култура се со цел да ги зачуваме пребогатите матријални добра на Република Македонија. Се она што ќе биде соберено и оваа година ќе биде изложено во просториите на Центарот за култура. Акцијата ќе се одржи од 24.02.2025 до 31.03.2025 година.
Нашата мисија е зачувување, вреднување, афирмирање и презентирање на македонската култура и традиција.
Кристијан Трајановски Соработник за фолклор и сценско уметничка дејност при Национална установа Центар за култура ,, Никола Јонков Вапцаров “ Делчево.