Со посета на сајтот се сложувате со нашата Политика на приватност, заштита на податоци и колачиња
Accept
Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Notification Show More
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Reading: Американски официјални лица: Ќе се обидеме да утврдиме дали Украина е подготвена да направи отстапки
Share
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Follow US
Home » Blog » Американски официјални лица: Ќе се обидеме да утврдиме дали Украина е подготвена да направи отстапки
Свет

Американски официјални лица: Ќе се обидеме да утврдиме дали Украина е подготвена да направи отстапки

10.03.2025
Share
SHARE

 Вашингтон, 10 март 2025 (МИА) – Американските власти планираат да ја искористат средбата во вторник со украинската делегација во Саудиска Арабија за да утврдат, делумно, дали Украина е подготвена да направи материјални отстапки за Русија за да ја прекине војната, јавија американски медиуми повикувајќи се на двајца американски високи претставници.
Американската делегација, исто така, ќе процени дали Украинците се сериозни за подобрување на врските со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, по неговата средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски минатиот месец, изјави еден од официјалните лица, кој сакаше да остане анонимен.  „Не можете истовремено да кажете „Сакам мир“ и „Одбивам да направам компромис за било што“, рече еден американски функционер за претстојните разговори со украинската делегација. Друг официјален претставник рече дека САД сакаат да видат „дали Украинците се заинтересирани не само за мир, туку и за вистински мир“. „Ако ги интересираат само границите од 2014 или 2022 година, тоа ви кажува нешто“, рече друг американски функционер. Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска ќе отпатува за Џеда, каде што ќе има билатерални разговори со украинските претставници, предводени од помошникот на Зеленски, Андриј Јермак. Рубио очекува да му се придружат американскиот советник за национална безбедност Мајк Волц и пратеникот на Трамп за Блискиот исток, Стив Виткоф.

Во Џеда планира да отпатува и претседателот на Украина, Володимир Зеленски, јави ДПА.

„Утре ќе продолжиме да работиме за мир – ќе ја посетам Саудиска Арабија“, рече тој синоќа во вечерното видео обраќање, во кое го потврди и учеството во преговорите. „Првите разговори меѓу преговарачите веќе беа задоволителни“, додаде Зеленски. „Се надеваме на резултати, и во однос на мирот и понатамошната поддршка“.

Од Златко Шумковски Извор МИА

Ad image

You Might Also Like

Русија протестира против влез на италијански новинар во Курската област

Панама се повлекува од „Еден појас, еден пат“, Кина изрази жалење

Евростат: За 16 години 920 илјади албански државјани за првпат добиле дозволи за престој во друга земја

Индонезија ќе користи палмино масло во производството на биодизел

Макрон го поддржа планот на Бајден за прекин на огнот во Газа

Share This Article
Facebook Twitter Telegram Email Copy Link Print
Share
What do you think?
Love0
Sad0
Happy0
Surprise0
Angry0
Dead0
Wink0

ПОПУЛАРНО

Балкан

Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Викендот во Делчево на еден татко
„Македонецот“ – полски документарен филм посветен за децата-бегалци од Егејска Македонија
Еден ден и јас ќе го фрлам зарот и фереџето

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mkЗабрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Македонија ДенесМакедонија Денес
© 2024 Македонија Денес. Сите права се задржани.
- Advertisement -
Ad image
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?