Известувањето на Општина Маврово и Ростуше го пренесуваме во целост во продолжение:
Вчудоневидени и изненадени сме од информацијата која беше објавена во медиумите во врска со побаран и примен поткуп од страна на Раководителот на одделението за урбанизам при општината.
Како локална самоуправа најостро осудуваме било каква форма на коруптивно однесување и бараме од надлежните органи што побрзо да го расчистат случајот.
Локалната самоуправа со досегашното работење многупати докажала дека стои на страната на жителите на општината, односно секогаш сме се стремеле кон подобрување на општинските услуги како и подобрување на условите за живот во општината преку реализација на крупни капитални проекти.
Токму поради тоа ваквите индивидуални чинови на дејствување не ги поддржуваме и не сакаме било каков сомнеж за корупција да остане нерасчистен и целосно стоиме на располагање пред надлежните органи одговорни за расчистување на случајот.
Извор: Општина Маврово и Ростуше