Москва, 10 април 2025 (МИА) – Руските орудија за противвоздушна одбрана ноќеска уништија 42 украински беспилотни летала во седум региони на Русија, соопшти руското Министерство за одбрана.
Руските медиуми пренесуваат дека 13 дронови биле соборени над територијата на областа Брјанск, 12 над регионот Калуга, седум над регионот Курск, четири над регионот на Белгород и Крим и еден над регионот Ориол и Московската област, се наведува во соопштението на руското МО.
Министерството потоа објави дека рано утринава биле уништени уште шест украински беспилотни летала над регионот Курск.
Од Сашко Димевски Извор МИА