Општина Карпош согласно планот и програмите за работа за 2024 година го објави огласот за финансиска поддршка на проекти од областа на образованието.
На јавниот оглас можат да учествуваат сите заинтересирани физички и правни лица регистрирани за дејности кои го опфаќаат образованието во сите области, а кои со своите програми, проекти и активности придонесуваат за развој на образованието во општината и пошироко.
Условите и роковите за аплицирање како и целосниот оглас можете да го погледнете ТУКА.