Регулаторната комисија за енергетика на денешната редовна седница со нова одлука ги утврди новите цени на нафтените дерифати и горивата за транспорт.
Со оваа одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,04% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија од 26.02.2024 година.
рмирање на цените, се зголемуваат во просек за 0,04%. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 26.02.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 83,00 ден/лит, додека тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 85,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 26.02.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 77,00 ден/лит.
Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, изнесуваат:
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 83,00 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 85,00 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 77,00 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 75,50 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 43,752 (денари/килограм)