Скопје, 6 март 2024 (МИА) – Министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска и градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски денеска во Музејот на македонската борба во Скопје на прес-конференција ќе ја презентираат програмата „Крива Паланка – Град на културата 2024“.
Како што е најавено, на прес-конференцијата ќе се обратат и главните носители на програмата Драган Величковски, директор на ЛУ Градски Музеј Крива Паланка, Антони Стојановски, од Меѓународниот фоклорен фестивал „Св. Јоаким Осоговски“ и директор на НУ Центар за култура Крива Паланка, Јордан Михајловски, од Меѓународна ликовна колонија „Св. Јоаким Осоговски“. Ќе се обратат и Гоце Ристовски, од Меѓународниот театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“, како и Александар Михајловски од Музичкиот Фестивал „ЏОЈ ФЕСТ“ и Методи Цветковски од Детскиот фестивал „Распеано симитче“.
Од: Цветанка Миновска Извор: МИА