Вкупно 203.741 возило било регистрирано на територијата на градот Скопје, покажуваат официјалните податоци на Министерството за внатрешни работи за 2022 година.
Од оваа бројка, 172.921 возило е класифицирано како патнички автомобил што претставува пораст од 7.335 автомобили во однос на претходната, 2021 година.
Најмногу патнички автомобили се регистрирани на територијата на општина Аеродром и тоа 26.933 што претставува пораст од точно 500 автомобили во споредба на 2021 година. 133 автомобили помалку се регистрирани на територијата на општина Центар, а трета општина според бројот на патнички автомобили е општина Карпош со 24.364 патнички автомобили.
Најмалку автомобили во Скопје се регистрирани во Сарај и Шуто Оризари каде според податоците на МВР се регистрирани 8.636 во Сарај, односно 3.262 автомобили во Шуто Оризари.
2022 | ||
Вкупно | Патнички автомобили | |
Град Скопје | 203 741 | 172 921 |
Аеродром | 29 785 | 26 933 |
Бутел | 17 376 | 13 965 |
Гази Баба | 26 215 | 21 397 |
Ѓорче Петров | 15 669 | 13 984 |
Карпош | 28 081 | 24 364 |
Кисела Вода | 24 290 | 20 776 |
Сарај | 10 646 | 8 636 |
Центар | 33 556 | 26 800 |
Чаир | 14 442 | 12 804 |
Шуто Оризари | 3 681 | 3 262 |