На денешен ден 2002 година судиите на Основниот суд Скопје 2 ги потпишаа решенијата за амнестија на политичкиот водач на поранешна ОНА, Али Ахмети, неговиот вујко Фазли Велиу, како и поранешниот пратеник во Собранието, Хисни Шаќири.
Решенијата беа потпишани откако претходно, на 8 март 2002 година во Службен весник на Република Македонија беше објавен указ за прогласување на законот за амнестија кој пак во Собранието беше изгласан ден претходно.
Усвојувањето на Законот за амнестија беше поздравено од американскиот Стејт Департмент, генералниот секретар на НАТО, Џорџ Робертсон, како и Советот на Европа.
Со овој закон беа амнестирани околу 300 припадници на ОНА.