Во кој хотел во Македонија е најскапо ноќевањето? Тимот на Македонија Денес спроведе кратко истражување со цел да открие во кој хотел во Македонија е најскапо да се ноќева.
Притоа, како влезни параметри во истражувањето се тоа да се работи за ноќевање во една соба за двајца возрасни за викендот на 20 односно 21 април годинава. Исто така, за цена на ноќевање е земена најниската почетна цена. Доручекот е незадолжителен.
Според овој последниот параметар, изненадувачки или не, најскапо е да се ноќева во Тино Хотел и СПА во Охрид, каде цената изнесува 10.163 денари. Следи Холидеј Ин во Скопје со почетна цена од 9.649 денари, па Лимак Скопје каде ноќевањето на наведениот датум за двајца ќе ве чини најмалку 9.547 денари.
Од наведените три хотели, со цената за ноќевање доручек ќе добиете само во Тино и Лимак Скопје додека во Холидеј Ин дополнително ќе треба да платите.
Над 8 илјади денари, а под 9.300 денари ноќевањето ќе ве чини во Хотел Лебед (Охрид), Магнолија Ресорт (Пониква), Инекс Олгица (Охрид), Глориус Хотел (Велес), Буши Ресорт (Скопје), Хотел Мирор (Скопје) и Робевски (Битола).
Сепак, најскапата соба за наведениот датум би ја платиле во Буши Ресорт во Скопје. Се работи за т.н. претседателската соба каде ноќевање за двајца изнесува 24.637 денари.
Горенаведените цени се на собите кои се достапни преку booking.com. Сепак најскапо сместување за двајца за едно ноќевање за во април во Македонија е во Дабл Три Хилтон. За големата претседателска соба ќе треба да одвоите 1.729 евра односно 106.506 денари. Ова сместување е недостапно на booking.com