На денешен ден 2008 година точно напладе во селото Грдец, на 14 километри од Тирана се случи голема експлозија во магацин за оружје.
Во големата експлозија, на која и претходеа неколку помали, загинаа 24 лица, а над 350 беа повредени. Беа оштетени и бројни околни домови, а експлозијата се слуша дури и во Скопје.
За оваа несреќа меѓудругите, беше осуден и Луан Хоџа, тогашен началник на Генералштабот на албанската армија кој неколку години подоцна доби азил во САД.
Видеа од несреќата се прикажани во продолжение.