На 19 март 1943 година во Тетово, во познатата куќа на Јовановци, формирана е Комунистичката партија на Македонија (КПМ). Формирањето на партијата произлегувала од нужноста на политичко организирање на антифашистичката борба, а со самото тоа и формирање на политичко тело кое ќе комуницира, пред се со КПЈ, во органираното делување против непријателите.
Нејзиниот прв Централен комитет бил во состав: Лазар Колишевски (политички секретар), Мара Нацева (организациски секретар), Цветко Узуновски, Кузман Јосифовски – Питу, Страхил Гигов и Бане Андреев.
Првиот конгрес на КПМ, подоцна преименуван како Сојуз на комунистите на Македонија, се одржал во 1948 година. За прв претседател бил избран Лазар Колишевски кој на функцијата бил од март 1943 па се до јули 1962 година. Се одржале вкупно десет конгреси. Последниот бил во 1989 година кога за претседател бил избран Петар Гошев.