Четири нови и подновени модели треба да лансира Fiat наредниот период. Се работи за новите генерации на Panda, Multipla, Strada како и целосно новиот кросовер Fastback. Ова го потврди и првиот човек на производителот Оливие Франсоа.
Првиот новитет доаѓа во јули. Се работи за новата, четврта генерација на моделот Panda кој ќе добие повисок клиренс и целосно електрична верзија. Веќе следната година ќе дојде и новата Fiat Multipla, модел кој беше укинат во 2010 година. Она што се знае за овој модел е дека ќе биде кросовер во C сегментот со должина од околу 4,4 метри.
Во 2027 година на европскиот пазар Fiat ќе го лансира и моделот Strada. Се работи за кросовер купе кое веќе во Јужна Америка се продава како Fastback и има доста привлечен дизајн. Овој модел ќе биде достапен и во електрична верзија, а дали ќе има разлика во дизајнот во однос на моменталниот, не е познато.
Според пишувањата на италијанските медиуми, овие нови модели ќе се произведуваат надвор од Италија, а она што речиси е дефинитивно е производството на Panda во Крагуевац, Србија.