Екипите на Електродистрибуција ДООЕЛ денеска ќе работат на планирани зафати во повеќе делови од Македонија. Во таа насока без снабдување ќе останат населените места кои припаѓаат на Корисничките Енерго Центри (КЕЦ).
Од 08:30 до 14:00 часот прекини се планирани во Општина Центар и Општина Аеродром и тоа на улиците Антоние Грубишиќ, Коле Неделковски, Наум Наумовски Борче и Мирослав Крлежа.
Во Општина Кратово, без електрична енергија во периодот од 09:00 до 13:00 часот ќе бидат Врбица, Горно Кратово, Мушково, Куново, Нежилово, Каврак, Којково, Емирица, Кнежеви како и објектите на ХЦ Брана Злетовица.
Од 08:00 часот па се до 13:00 часот населбата Млаки во Општина Гостивар ќе биде без електрична енергија, а еден час подоцна ќе запаочне и прекинот на улиците Илија Антески Смок и Балиндолска.