Четворица комити
од балкани слегвеа,
од балкан ми слегоја
право тргат за Прилеп.
Право тргат на Прилеп
кај Методи Крапчета.
Не го нашле Крапчета
тук’ ја нашле невестата.
– Добро утро невесто.
– Дал бог добро, комити.
– Појдите во одаја
ракија да пијате.
Не сме дошле за ракија,
туку за амането.
Го бараме Крапчета
да ни даде сто лири.
Да ни даде сто лири
за касата комитска.
Пушки да си купиме
за четата комитска.
Пушки да си купиме,
в’ борба да си одиме.
В’ борба да си одиме,
земја да ослободиме.
Земја да ослободиме,
земја Македонија.