50 години од смртта на Кирил Манчевски – великанот на народната песна

На денешен ден пред точно 50 години, Македонија го загуби Кирил Манчевски, еден од великаните на градската, лирска и елегична народна песна. Настапувал како солист и во дует, особено со Виолета Томовска.

Роден е на 8 ноември 1935 година во дебарското село Броштица. По занимање бил металски работник, но и покрај тоа, неговиот кус живот го посветува на народната песна.

Манчевски е познат по антологиските изведби на: „Девојче тенко, високо“, „Изникнало криво крушче медено“, „Кога си тргнав в туѓина“, „Лино моме Севдалино“, „Ајде сонце зајде“, „Абер дојде Донке“, „Бог да убие дебрани“, „Запеј песна Македонко“…

 

Сподели ја оваа објава