Перт, 11 јyни 2024 (МИА) – При патување со авион, на многумина им се случуваат болки во стомакот, надуеност или запек. Некои тоа го припишуваат само на стравот од летање, но тоа може да му се случи на секого, вели диететичарката Меган Роси од Австралија. Таа појаснува зошто и покрај тоа што самата, на пр., го нема тн. синдром на нервозно дебело црево, имала слични мачнини. За да објасни и демонстрира зошто надуеноста е честа појава кај патниците, таа употреби чаша јогурт со капаче.
– Замислете ја оваа чаша како Вашето црево долу на земјата. Гасот внатре што го произведуваат Вашите микроби има простор за движење, но како што авионот се крева, промената на воздушниот притисок предизвикува ширење на гасот и тоа предизвикува надуеност и болки во стомакот, вели таа.
Иако оваа состојба е непријатна, постојат начини да се намали притисокот со подготовка пред патувањето. Познатата „докторка за здрави црева“ препорачува, пред сѐ, избегнување храна што предизвикува надуеност, како грав, авокадо, печурки и кромид – 24 до 48 часа пред патувањето. Наместо тоа, се препорачуваат полесна храна: Маслото од авокадо се заменува со маслиново масло, печурките со модар патлиџан итн.
Исто така, за проблеми со запек во текот на летот, би било препорачливо да се пие магнезиум и да се консумираат повеќе хранливи влакна. Доколку и тоа не помага, диететичарката препорачува консултирање со лекар.
Од Слободан Иванов Извор МИА