Киев, 3 јули 2024 (МИА) – Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека би сакал американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп да му објасни како точно би ставил крај на војната во Украина за само 24 часа.
– Ако Трамп знае како да го заврши војната, нека ни каже денес, изјави Зеленски во интервју за телевизијата Блумберг. – Ако е загрозена независноста на Украина, ако ја изгубиме државата… сакаме да бидеме подготвени за тоа, сакаме да знаеме, рече Зеленски.
Поранешниот американски претседател и републикански кандидат на изборите во ноември повеќепати изјави дека може да ја заврши војната „во рок од 24 часа“, но не објасни како.
Зеленски изјави дека е подготвен да се сретне со Трамп и неговиот тим и да ги сослуша нивните предлози.
– Сакаме да знаеме дали по ноември ќе имаме силна поддршка од САД или ќе бидеме сами“, рече тој.
Од Сања Костовска Извор МИА