Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Балкан

Уапсени лекари и фармацевти во Грција за издавање фиктивни рецепти за лекови

16.09.2024 16:10
Сподели

Атина, 16 септември 2024 (МИА) – Грчката полиција разби две различни криминални организации и уапси 16 лица меѓу кои и лекари и фармацевти за измами во висина од 3,5 милиони евра на товар на Националната организација за здравствени услуги на Грција со издавање фиктивни рецепти за лекови, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката полиција соопштија дека биле запленети над 9.000 фармацевтски препарати, а некои од лековите што лажно ги препишувале се дефицитарни, додека уапсени се четворица лекари од јавни здравствени структури во областите Атика и Виотија, сопственици и вработени во осум аптеки во Атика, еден вработен во фармацевтска компанија и едно лице кое имало улога на посредник.

Незаконското дејствување на криминалните организации почнало најмалку од јануари 2020 година, а од истрагата на полицијата произлегло дека имале слична цел, начин на дејствување како и заеднички членови кои дејствувале паралелно.

Банер Банер BrandEcho

Во однос на начинот на дејствување, лекарите издавале лажни рецепти, користејќи податоци на осигуреници во главно странски државјани, кои или биле депортирани од земјата или во затвор со што немале можност да го идентификуваат лажниот рецепт, а во продолжение следело фиктивно користење на рецептите во аптеките и понатамошна дистрибуција на незаконски препишаните фармацевтски производи преку аптеки и лекари до клиенти, како во Грција, така и во странство.

Од досегашната истрага било констатирано незаконско користење на 3.516 единствени броеви на здравствено осигурување врз основа на кои лажно биле издадени 90.186 рецепти, а загубата за Националната организација за здравствени услуги на Грција надминува 3.500.284,98 евра.

При спроведените претреси во домови, магацини, ординации, аптеки, јавни здравствени установи и банкарски сефови пронајдени и одземени биле над 9.000 пакувања со незаконски препишани фармацевтски препарати, вклучително и препарати кои содржат наркотични супстанции, 451.140 евра, 10.000 американски долари, 8.000 австралиски долари, две златни прачки со вкупна тежина од еден килограм, 109 златни лири, голем број документи, мобилни телефони, компјутери и други дигитални уреди.

Од Сања Ристовска/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Радио станици
Слушајте радио станици од Македонија и Светот.
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Албанија е една од 10-те земји во светот со најзагаден воздух

Еди Рама: Обединувањето на Албанија и Косово е возможно само во рамките на ЕУ

Словенија воведува нови правила за заштита на младите на интернет

Хидроелектрана во Херцеговина: Дали еколошките последици вредат за енергијата?

Во текот на ноќта регистрирани 22 земјотресa над четири степени во близина на Санторини

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Балкан

Вучиќ на Генералното собрание на ОН: Србија како гарант на слободата и дијалогот

БалканПатување

Во првите пет месеци од годинава Грција ја посетиле речиси седум милиони туристи

Балкан

Хрватскиот парламент одби да ја признае Палестина

Балкан

ЕУ не дозволува нестабилност во Босна и Херцеговина

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?