Москва, 22 јули 2024 (МИА) – Руските сили за воздушна одбрана синоќа соборија 75 украински беспилотни летала над руска територија, соопшти руското Министерство за одбрана.
ПВО пресретнала и уништила 47 беспилотни летала над Ростов, по еден над регионите Белгорд, Воронеж и Смоленск и осум над провинцијата Краснодар.
Соборени се 17 дронови над водите на Црното и Азовското Море, се наведува во соопштението.
Од Златко Шумковски Извор МИА