Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Свет

ОН: Либан се соочува со најсмртоносниот период во последниве години

27.09.2024 21:45
Сподели

Бејрут, 27 септември 2024 (МИА) – Обединетите нации денеска соопштија дека засилените израелски напади врз екстремистите на Хезболах доведоа до тоа Либан да се соочи со најсмртоносниот период во последниве години, а болниците се преполни со жртви.

– Неодамнешната ескалација во Либан е ништо помалку од катастрофална, изјави Имрам Риза, хуманитарниот координатор на ОН во Либан.

– Сведоци сме на најсмртоносниот период во Либан во една генерација и многумина стравуваат дека ова е само почеток, рече Риза на новинарите во Женева преку видео линк од Бејрут.

Банер

Тој посочи дека само во понеделник, бројот на жртви бил околу половина од вкупниот број од 1.200 загинати за време на 34-дневната војна помеѓу Израел и Хезболах во 2006 година.

– Нивото на раселување, нивото на траума, нивото на паника е огромно, рече Риза и предупреди дека здравствениот сектор во Либан е сосема преоптоварен.

– Настаните од минатата недела, вклучително и експлозиите на комуникациски уреди, речиси целосно ги исцрпија медицинските залихи, рече Риза, оценувајќи дека поради последната ескалација на насилство и преполнетите болници, системот се бори со ограничени ресурси за да одговори на растечките потреби.

Дека болниците во Либан се преоптоварени, потврди и Маргарет Харис, портпаролка на Светската здравствена организација (СЗО).

Таа потсети дека експлозиите на пејџери и токи-воки уреди предизвикале многубројни сериозни повреди на очите и рацете, за што е неопходен специјализиран третман.

Уште 777 луѓе сè уште се во болниците по тие експлозии, а 152 лица се во критична состојба, што значи дека нема наскоро да излезат од болница.

Во исто време, 37 здравствени установи се затворени низ цел Либан поради судирите.

Харис изјави дека агенциите за помош се подготвувале за можен голем број ранети во Либан во случај на ескалација на прекуграничните судири, започнати на 8 октомври минатата година, но не очекувале дека последиците ќе ги почувствуваат толку многу луѓе.

Од Сања Костовска/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Колку ти е здрав работниот ден?
Колку ти е здрав работниот ден?
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Србија и Јужна Кореја: Историски преговори за економско партнерство во Сеул

Три децении од Дејтонскиот договор: Војната заврши, но незадоволството останува

Северна Кореја демонстрира моќ: Успешно тестирање на крстосувачки ракети

Саудиска Арабија смета дека администрацијата на Трамп нема да доведе до зголемување на ризикот од војна меѓу Израел и Иран

Жители на поплавени градови во Шпанија го гаѓаа кралот Фелипе Шести со кал

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Свет

ЕУ презема мерки за заштита на децата од штетните практики на играта „Стар Стејбл“

Трамп: Американската челичарница не смее да оди во странски раце

Свет

Спречен потенцијален тероризам: Планиран напад на божиќен саем во Германија

Свет

Моди во Етиопија: Нови патеки за соработка и демократија

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?