Скопје, 23 јули 2024 (МИА) – Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот во рамки на кои на територија на град Скопје изречени се вкупно 140 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 19 санкции.
Како што соопшти МВР, изречени се меѓу другото и 20 мерки за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, шест за користење мобилтен телефон при возење, како и шест мерки за некористење сигурносен појас.
-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, порачуваат од МВР.
Од Виолета Геров Извор МИА