Дака, 5 август 2024 (МИА) – Вкупниот биланс на загинати во судирите во Бангладеш се искачи на најмалку 300 луѓе, јавија западни медиуми. Во текот на вчерашниот ден загинаа 94 демонстранти, и тоа е најсмртоносниот ден во изминатите неколкунеделни антивладини демонстрации.
Извештаите на западните медиуми се засноваат на податоци од полицијата, официјални лица и лекари во болниците. Протестите треба да продолжат денеска во Дака каде има големи распоредувања на војници и полицајци кои патролираат по клучните патишта и поставуваат барикади до рутите до седиштето на премиерката Шеик Хасина.
Од Златко Шумковски Извор МИА